X
 05.03.2022 Живот

Кои компании во светот се најголеми производители на оружје?

Податоците за индустријата за оружје на SIPRI покажуваат дека продажбата на оружје од страна на најголемите светски компании за производство на оружје и воени услуги изнесувала 361 милијарда долари во 2019 година.

Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI) во 2020 година објави податоци за продажба на оружје и воени услуги од страна на  25 најголеми компании во овој сектор. Тие  потрошиле 361 милијарда американски долари во 2019 година, 8,5 отсто повеќе отколку во 2018 година. Најголемите компании имаат географски разновидно меѓународно присуство. 


Американските компании доминираат

Во 2019 година првите пет компании за оружје беа со седиште во САД: „Локхид мартин“, „Боинг“, „Нортроп груман“, „Рејетон“ и „Џенерал дајнемикс“. Овие пет компании заедно во 2019 година генерирале продажба на оружје од 166 милијарди долари.

Првпат, во 2019 година, компанија од Блискиот Исток се појави во топ-25 компании. ЕDGE, со седиште во Обединетите Арапски Емирати, била создадена во 2019 година од спојување на над 25 помали компании. Рангирана е на 22. место и учествува со 1,3 отсто од вкупната продажба на оружје на првите 25.

Друга компанија што обезбеди место во топ-25 е „Л3Харис технолоџис“, создадена преку спојување на две американски компании: „Харис корпорејшн“ и „Л3 технолоџис“.

Меѓу топ-25 се и четири кинески компании: AVIC, која се наоѓа на 6. место, СЕТС, која се наоѓа на 8. место и NORINCO на 9. место.

Во топ-25 се и три руски компании, „Алмаз анти“, „Јунајтед шипбилдинг“ и „Јунајтед еркрафт“.

По САД, Кина го зазеде вториот најголем удел во продажбата на оружје во 2019 година.

Извештајот го разгледува и меѓународното присуство на 15. најголеми компании за оружје во 2019 година. Овие компании се присутни во вкупно 49 земји, преку подружници во мнозинска сопственост, заеднички вложувања и истражувачки капацитети.

Обединетото Кралство, Австралија, САД, Канада и Германија се домаќини на најголем број од овие странски ентитети.

1
Фото: Statista.com

Извор: Sipri.org | Statista.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот