X
 05.06.2019 Технологија

Семос Едукација со 4 нови менторски програми за нови професии и работно искуство

Семос Едукација и оваа година објавува повик за пријавување на летните менторски програми. Во соработка со неколку компании и годинава се понудени едни од најбараните програми за следните професии: React Developer, Python Developer, UX дизајнер и Game дизајнер.

Менторските програми вклучуваат пакет на обуки во Семос Едукација, работа на реални проекти во реална работна околина, под менторство на професионалци од македонски и странски компании. Најдобрите слушатели ќе добијат можност за пракса, стекнување искуство и вработување во компанијата.

„Летните менторски програми се организираат со години наназад и овој концепт е веќе препознатлив помеѓу луѓето и компаниите. Оваа година го зголемивме бројот на часови со обуки за меки вештини кои на учесниците ќе им помогнат за побрзо наоѓање работа и надградба на кариерата. Во претходните години имавме неколку успешни приказни, учесници кои станаа дел од тимот на реномирани компании. Ги повикуваме сите заинтересирани што сакаат да бидат дел од понудените програми да се пријават и да станат новата успешна приказна од летната менторска програма“, изјави Анче Атанасова, менаџер за човечки ресурси во Семос Едукација и раководител на Кариерниот центар од каде што потекнува првичната идеја за овие програми.

На летните менторски програми слушателите ќе имаат единствена можност да стекнат практично искуство преку работа на реални проекти под менторство на врвни професионалци од македонски и од странски компании за следните професии:



React Developer под менторство на Vox Teneo
Почеток на обуките: 25 јуни
Повеќе информации | Апликација



Python Developer под менторство на QUIPU
Почеток на обуките: 25 јуни
Повеќе информации | Апликација



UX дизајнер под менторство на Semos Cloud
Почеток на обуките: 26 јуни
Повеќе информации | Апликација



Game дизајнер под менторство на Distant Point
Почеток на обуките: 24 јуни
Повеќе информации | Апликација

Во однос на пријавување на летните менторски програми, може да се пријави секое лице што сака да учи, да се доквалификува или преквалификува и да работи на реален проект, а потоа ќе може да започне нова кариера во одбраната област. Од Семос Едукација велат дека праксата покажала дека најчесто се пријавуваат студенти, невработени лица или лица што прават целосна преквалификација. Сите детали и информации за овие програми се објавени на социјалните медиуми и на веб-страницата на Семос Едукација.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија