X
 05.12.2018 Технологија

„Јутјуб“ воведува алатка слична на „Сторис“ на „Инстаграм“

„Јутјуб“ ја проширува својата нова алатка слична на „Сторис“ на „Инстаграм“ и сега ја имаат оние корисници со повеќе од 10.000 претплатници.

Сепак, постојат неколку големи разлики помеѓу инстаграм-сторис и јутјуб-сторис. Алатката на „Јутјуб“ трае седум дена на мобилната апликација, ќе се појавува и за претплатниците и за оние што не се претплатници и ќе се прикажува на делот „Up Next“ покрај видеото. Креаторите што ја користат оваа алатка ќе можат да им одговорат на фановите кои ќе комуницираат со нивните приказни, а одговорите на креаторите ќе може да ги видат сите оние што ќе доаѓаат да ја видат приказната. Фановите ќе можат да оставаат коментари или прашања во приказните, а креаторите ќе можат јавно да го адресираат секој одговор.

jutjub
Фото: Youtube


Фокусот на јутјуб-приказните, кој првпат беше најавен во ноември 2017 година, се чини дека е секојдневната интеракција на корисниците со нивните претплатници. Тие ќе можат да прикажуваат видеа од зад сцената или да ги прикажат претстојните соработки.

Иако „Јутјуб“ ја тестираше функцијата со неколку канали претходно годинава, сега оваа опција почесто ќе се појавува на почетната страница на мобилните уреди на корисниците.

Но, се чини дека новата функција не донесе баш големо воодушевување меѓу корисниците. Јутјуберот Филип ДеФранко вели дека иако постои потенцијал, сепак не е убеден.

- Јутјуб-сторис се чудни. Траат 7 дена, дозволуваат коментари, но можете да одговорите само со друго видео или слика и моментално им недостига опцијата „swipe up“, односно линкови, што се чини како пропуштена можност. Има потенцијал, но скептичен сум - вели тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија