X
 06.06.2017 Култура

Единствената љубов на Адолф Хитлер: жената поради која тој станал најголем злосторник

На 18 септември 1931 Адолф Хитлер ја изгубил својата вистинска љубов Гели. Ангела Гели Раубал била ќерка на полусестрата на Хитлер, Ангела која се самоубила во својот стан на 23 години.

Како што наведуваат некои историчари, тој многу ја сакал и нејзината смрт многу го потресила и променила во негативна смисла. Според извршената истрага и аутопсија, се работело за несреќен случај при играње со пиштолот.

Хитлер во депресија


Хитлер не присуствувал на погребот, а неговото психичко здравје тие денови било толку лошо што ниту јадел, ниту зборувал, ниту спиел. Паднал во тешка депресија и сакал и да се убие. Влезот во Австрија му бил забранет, а покасно отишол на нејзиниот гроб кога владата на Австрија му дозволила престој од 24 часа.

„Така...а сега почнува борбата, борбата мора да биде крунисана со успех“, ова наводно го изјавил тој по заминувањето од гробот. По 16 месеци тој станува апсолутен владетел на Германија.

По смртта на Гели се променил неговиот однос со луѓето, моментот кога „семето на нечовечноста започнало да расте во Хитлер“.

Не била убава, но била шармантна  „принцезата“ на Хитлер

Гели му се обраќала на Хитлер со „вујко Алф“, а таа била неговата „принцеза“. Се шпекулирало дека биле љубовници иако за тоа нема докази. Не била посебно убава, но била жива, шармантна и кокетна млада девојка.

Хитлер, кој бил неоженет, ја поставил за водич на домаќинството својата полусестра која со себе ја носела Гели, а кога подоцна таа била преместена во Хитлеровата куќа за одмор, Гели останала да живее во станот на вујко Алф во Минхен каде студирала медицина. После тоа се појавиле шпекулациите за нивната врска.

Многу брзо од заштитнички вујко постанал сеприсутен, љубоморен љубовник. Таа брзо почнала да го следи во општествените прилики што не било случај со другите жени. Тој со гордост ја претставувал пред другите. Таа јавно покажувала дека го држи во рака, но се спротивставувала на неговите обиди да ја ограничи нејзината слобода. Тој со неа не можел да контролира и доминира.

Единствената сериозна врска која Гели успеала да ја оствари била со возачот на Хитлер, кој откако дознал подивел и го отпуштиш. Подоцна го вратил на работа, но врската била прекината. Потоа се заљубила во уметник Евреин, но и таа врска Хитлер ја оневозможил. На ден пред смртта на Гели тие двајца се скарале. По нејзината смрт по долго жалење Хитлер започнал интензивно да се гледа со Ева Браун.

Подоцна тој изјавил дека Гели била единствената жена која некогаш ја сакал.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура