X
 06.06.2020 Образование

Најдобрите два универзитета во Азија се од Кина

Најдобрите два универзитета во Азија се наоѓаат во Кина. Ова го покажува најновата ранг-листа на универзитети во Азија на „Тајмс Хајр еџукејшн“. Најдобар универзитет во Азија за 2020 година е универзитетот „Цингхуа“. Тој беше прогласен за најдобар во Азија според истата ранг-листа и минатата година.


Фото: timeshighereducation.com

Годинава на второто место се наоѓа Универзитетот во Пекинг, кој се искачил за три места во споредба со минатата година. Искачувањето на универзитетот на листата најмногу се должи на подобрените резултати во областа на услови за истражување и заработка. Националниот универзитет во Сингапур паднал едно место и сега е трет на листата. Универзитетот за наука и технологија во Кина е единствениот нов универзитет помеѓу најдобрите десет на листата.

Седум универзитети од Кина се меѓу најдобрите 20 на листата. Јапонија има најмногу универзитети на целата листа, со дури 110 институции. Кина има 81 универзитет рангиран на листата, а Индија има 56. Највисоко рангираниот универзитет од Јапонија е Универзитетот во Токио, кој се најде на седмото место.


Фото: Pexels

Најдобри 10 универзитети во Азија според „Тајмс Хајр еџукејшн“

1. Универзитет „Џингхуа“, Кина
2. Универзитет во Пекинг, Кина
3. Национален универзитет во Сингапур, Сингапур
4. Универзитет во Хонгконг, Хонгконг
5. Универзитет за наука и технологија во Хонгконг, Хонгконг
6. Технолошки универзитет „Нанјанг“ во Сингапур, Сингапур
7. Универзитет во Токио, Јапонија
8. Кинески универзитет во Хонгконг, Хонгконг
9. Национален универзитет во Сеул, Јужна Кореја
10. Универзитет за наука и технологија во Кина, Кина и Универзитет „Сунгкункван“, Јужна Кореја

Автор: Ели Ботвел
Извор: timeshighereducation.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование