X
 06.07.2025 Живот

За најдобрите студенти на Шумарски и на ФДТМЕ, за промоцијата на уметноста со QR-кодови на Изабела Левенска Миљаниќ... Што пишувавме неделава

„Екоинженерингот и екоменаџментот се спој на уметност, наука и одржливост“, вели Надица Кремшовска, најдобар студент на Факултетот за шумарски науки „Ханс Ем“

„Успехот не е резултат на талент сам по себе, туку на континуирана посветеност, љубопитност, дисциплина и огромна љубов кон тоа што го учам“, вели Надица Кремшовска, која беше прогласена за еден од најдобрите дипломирани студенти за академската 2023/2024 година од страна на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“

Изабела Левенска Миљаниќ со QR-кодови ни ја доближува уметноста: „Скопје не е хаос од бетон, туку музеј на отворено“


Изабела Левенска Миљаниќ создаде платформа со намена да служи како дигитален водич низ јавната уметност на Скопје, со визија да се прошири и во други градови од земјата и светот. Идејата произлезе од нејзината лична иницијатива и љубов кон уметноста, како и од чувството на одговорност кон просторот што го делиме.

„Транзицијата од онлајн на предавања со физичко присуство беше тежок предизвик“, вели Мила Чолакоска, најдобар студент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер

„Дизајнот на ентериер и мебел е уметност која бара посветеност и пожртвуваност, а прекрасно е чувството вложениот труд да ти биде признаен на ваков начин“, потенцира Мила Чолакоска, која го доби признанието за најдобар студент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер за академската 2023/2024 година од страна на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот