X
 04.05.2025 Живот

За студентските денови на Лупевска, интервју со Иџе, за битолските средношколци-иноватори... Што пишувавме неделава

Наместо да завршува на депонии и да се разградува со години, отпадниот текстил да се рециклира во модни додатоци, идеја со која тимот „Екорозе“ од Битола победи на натпреварот по циркуларна економија

Тимот „Екорозе“ составен од учениците Андреа Трајковска, Изабела Шишковска, Андреа Наумовска и Бојан Нацов, ученици од трета години од Средното економско училиште „Јане Сандански“ од Битола, под менторство на професорката и нивен класен раководител Соња Карапашовска, во конкуренција од 17 средни училишта од државата ја освоија првата награда на натпреварот по циркуларна економија.

Натпреварот се одржа на 10 април на Економскиот факултет во Прилеп, а учениците имаа задача да развијат иновативни и креативни бизнис-идеи за економии кои ќе создаваат помалку отпад и ќе ја штитат животната средина.

Интервју со автомобилистот Игор Стефановски-Иџе: „Се плашам од брзина, особено кога сум сопатник“

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски-Иџе ја започна новата сезона во која ќе се обиде да стигне до четвртата титула во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки.

Стефановски и годинава ќе се трка со возило на италијанскиот гигант „Ферари“, со моделот „ферари 488 B8“, специјално дизајниран за овие патеки. На неговото возило ќе има и црна боја на трките низ Европа како знак на почит кон настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани. Игор Стефановски-Иџе е најголемиот спортски амбасадор на нашата држава. Миленикот на младата генерација, во интервју за „Факултети.мк“ се присети на своите почетоци, откри како се подготвува, колку чини еден автомобил и како се справува со сите предизвици во светот на адреналинот.

Кога бев студент со Снежана Лупевска: „Омилена професорка ни беше сегашната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова“

Снежана Лупевска Созен е наша реномирана новинарка. Новинарско име кое секој го чул и лик кој секој го препознава, со богата и импресивна репортерска биографија во медиумскиот простор. Има солидно искуство како продуцент, а веќе со години гради успешна уредничка кариера. Со својата професионална посветеност и страст за новинарството таа се истакнува со аналитички пристап и длабоко разбирање на актуелните теми. Низ годините дејствува и работи во различни медиумски формати, а нејзината посветеност на професијата и влијанието во медиумскиот простор ја прават една од најважните фигури во новинарската заедница. Во рубриката Кога бев студент таа нѐ носи во нејзините студентски денови, првите новинарски искуства, кариерни почетоци…

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот