X
 06.09.2023 Образование

МОН: Листите за сместување во студентските домови ќе бидат одново објавени

Министерството за образование и наука вчера ги објави резултатите од конкурсот за сместување во студентските домови за студенти од втора и повисоки години на студии, но по кратко време листите ги снема од страницата на МОН.

Оттаму за Факултети.мк велат дека имаат технички проблеми и работат на нивно отстранување, по што листите ќе бидат одново објавени на страницата во текот на денот. Потенцираат дека ќе бидат објавени истите листи, односно дека нема промени.

Во меѓувреме, доколку сакате да ги погледнете листите, тоа можете да го направите ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование