X
 06.10.2023 Забава

Компанија ќе ви плати 1 милион долари ако снимите вонземјанин

Многу луѓе имаат камери покрај влезните врати во домовите. Компанијата за камери за влезни врати „Ринг“ нуди награда од 1 милион долари за жителите на САД што ќе снимат вонземјани со камера од компанијата.

- Без разлика дали е видео од вонземјанин кој оди (или лета?) на вашиот паркинг и бара насоки или неидентификувана животна форма која има необично однесување во дворот - испратете ги најдобрите кадри! - стои во соопштение од компанијата.

Понудата важи до 3 ноември.



Компанијата нуди и помали награди за оние што нема да снимат вонземјани. Се повикуваат корисниците на камера од компанијата да испратат креативни интерпретации на искуство со вонземјани со влезна камера. Најкреативните учесници ќе добијат ваучер за „Амазон“ во вредност од 500 долари.

Извор: Cnet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава