X
 12.08.2016 Наука

Дали со помош на математиката можеме да покажеме дека постојат вонземјаните?

Колкава е веројатноста да пронајдеме вонземјани и колку сме блиску да ги сретнеме? Одговорот лежи некаде во овие две равенки.

 

matematika


Кога сте во потрага по вонземјани, тогаш во потрагата треба вклучите радио антени и вселенски сонди. Можеби и млади научници. Но, најглавно потребно е да ја вклучите математиката.

Во ова специјално издание на „DNews“, истражувачот Трејс Домингез заедно со Јан O'Нил ги испитуваат методите преку кои математичките равенки би можеле да ни помогнат да пронајдеме живот на другите планети.

Од клучно значење се две математички равенки, меѓу кои повеќе позната е равенката Дрејк. Создадена од астрономот Френк Дрејк, равенката го сведува целиот Млечен пат во бројки со цел да процени колку вонземјански цивилизации би можеле да постојат во соседната галаксија.

Равенката била развиена во почетокот на 1960-тите откако човекот сфати дека ултрамодерните радио антени имаат можност да фатат вонземјански комуникации. Равенката ја зема во предвид долгата листа на варијаблите: просечната стапка на формирање на ѕвезди; дел од овие ѕвезди со планетите; дел од овие планети кои би можеле да поддржат живот.

Дрејк додал и други модификатори бидејќи човештвото е во потрага по комуникативни вонземјански цивилизации - оние кои се доволно долго присутни за да ја развијат потребната технологија. Јасно е дека постојат многу непознати, но идејата е да се обезбедат голем број на планети на кои би можело да има живот.

Неодамна научниците откриле и друга равенка. Равенката Шарф-Кронин користи планетарна хемија за пресметување на шансите за формирање на живот во одредена космичка област.

Математиката станува комплицирана, но конечниот резултат е тоа што Шраф-Кронин равенката може да даде груба проценка на веројатноста дека ќе се создаде одреден живот на било која планета. Процесот на претворање на неживи хемикалии во функционална биологија се нарекува абиогенеза, а научниците се' повеќе учат и дознаваат за овој феномен. 

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука