Неодамнешната анализа покажа дека одредени професии се поврзани со зголемен ризик од појава на различни срцеви болести или други кардиоваскуларни проблеми.
Неодамна објавеното истражување покажа дека жените што се занимаваат со одредени професии се изложени на зголемен ризик од развој на срцеви проблеми.
Иако научниците истакнуваат дека неколку животни фактори може да го зголемат ризикот од срцеви болести, вклучувајќи ги нездравата храна, недостигот на физичка активност и пушење, постои еден фактор на ризик што засега не го добил вниманието што го заслужува, а тоа е професијата.
Едно истражување што го спровеле истражувачите на научен собир во Јапонија открило дека луѓето на раководни позиции, без оглед на професијата, се изложени на поголем ризик од добивање срцеви болести. Но, центрите за контрола и превенција на болестите велат дека е нејасно во која мера професионалните фактори на ризик може да придонесат за срцеви проблеми и поради тоа поттикнуваат нови истражувања во оваа област.
Фото: Depositphotos
На овогодишната седница на Американската асоцијација за срце во Филаделфија, Беда Нријагу и нејзината колешка од Универзитетот „Дрексел“ во Филаделфија претставиле истражување со кое додале уште посилни аргументи за тоа како некои професии навистина имаат врска со срцевите болести. На овој собир научниците ги откриле професиите што доведуваат до зголемен ризик од развивање здравствени проблеми, особено кај жените.
Истражувачите испитувале можна поврзаност помеѓу здравјето на срцето и различни професии кај 65.000 жени кои просечно имале 63 години и кои веќе поминале низ менопауза.
Социјалните работнички имаат 36 отсто поголема можност за развивање срцеви проблеми отколку другите професии, додека благајничките се на пониско ниво, од 33 отсто.
Медицинските сестри, психијатрите и куќните помошнички имаат 16 отсто шанси за заболување. Меѓу нив најголем ризик од развивање кардиоваскуларни проблеми имаат медицинските сестри, со 14 отсто веројатност за развивање на болеста.
Исто така, истражувачите укажале на поврзаност помеѓу некои
професии и понизок ризик од добивање кардиоваскуларни болести. Така, се покажало дека агентите за продажба имаат 24 отсто помалку шанси за добивање срцеви болести од другите професии, додека административните работнички имаат 11 отсто помал ризик од добивање на овие болести.