X
 07.01.2020 Култура

Филмот „Медена земја“ ја доби наградата за најдобар документарен филм доделена од Меѓународното здружение за филмски критичари

„Медена земја“ ја доби наградата за најдобар документарен филм што ја доделува Меѓународното здружение на филмски критичари (NSFC).

Меѓународното здружение на филмски критичари е организација основана во 1966 година, а наградите што ги доделува се сметаат за едни од најпрестижните во Америка.

Во здружението членуваат голем дел од филмските критичари што пишуваат за медиумите „Вол стрит џурнал“, „Њујоркер“, „Бостон Хералд“ и други.

„Медена земја“ освои уште една награда за исклучително достигнување во кинематографијата од „Cinema Eye Honors“.

„Cinema Eye Honors“ е организација што признава извонредност во документарните филмови и вклучува награди за дисциплини во режирање, продукција, кинематографија и монтажа.

Наградите се доделуваат секој јануари во Њујорк и се одржуваат од 2011 година во Квинс.

медена земја
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура