X
 26.10.2021 Култура

Актерот Петар Мирчевски награден за животно дело

Актерот Петар Мирчевски е добитник на годинашната награда „4 Ноември“ што се доделува за животно дело во Битола. Мирчевски е дел од Народниот театар во Битола, а има 42-годишна актерска кариера. Тој неколку пати глумел рамо до рамо со голем број светски актерски имиња. Играл заедно со Моника Белучи, соработувал со Раде Шербеџија, Емир Костурица, Милчо Манчевски и многу други. Играл во над 40 филма и серии.

Управниот одбор за доделувањето на наградата „4 Ноември“ при Општина Битола откри дека петмина биле пријавени за наградата за животно дело, додека годинава нема да биде доделена „едногодишната награда“, со оглед на тоа што од сите 7 пријавени ниту еден не го добил потребното мнозинство гласови.

Мирчевски во кариерата има одиграно околу 150 претстави, а добитник е на повеќе награди, како: „4 Ноември“, „Млад борец“, „Војдан Чернодрински“, Екрановата награда, „Златна маска“ на Охридско лето и наградата за животно дело „Петре Прличко“. Тој во 2019 година ја доби наградата „11 Октомври“ за животно дело.

фото: ФБ-страница на НУ Народен театар - Битола

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура