X
 07.01.2023 Забава

Апликација покажува како би изгледале доколку живеевте во друго време

Дали некогаш сте се запрашале како би изгледале доколку живеевте во некое друго време?

Нова апликација наречена „АИ тајм машин“ (AI Time Machine), направена од компанијата за ДНК-анализа „Мај херитиџ“, стана популарна нив светот бидејќи може да создава совршени илустрации од лица во стил на различни историски периоди.

Со помош на апликацијата, може да видите како би изгледале доколку сте биле египетски фараон, средновековен витез, астронаут и многу повеќе.



Апликацијата бара да прикачите барем 10 различни фотографии од вас, а колку повеќе фотографии прикачите, толку подобри резултати ќе добиете. Процесот трае од 30 до 90 минути откако ќе ги прикачите фотографиите.

Апликацијата може да ја најдете овде.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: My heritage
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава