X
 07.02.2019 Забава

Со стари автомобилски гуми им помага на животни и заработува

Многу пати се имаме уверено дека напуштените животни се многу скромни во своите барања и дека и најмалото внимание им значи многу. Луѓето наоѓаат различни начини како да им помогнат на животните, а ова момче е едно од нив.

Амарилдо Силва од стари гуми прави слатки креветчиња за напуштени кучиња и мачиња. Тој добил одлична идеја како барем малку да им го олесни животот на напуштените животни, но и да заработи пари за својата фамилија. Силва живее во Параиба, Бразил, и работи како продавач во локална продавница, а слободното време го минува собирајќи стари автомобилски гуми кои потоа ги претвора во нешто корисно.

Фото: Ekskluziva

Тој прво детално ги чисти гумите, потоа ги бојадисува и на крајот ги обликува и тие стануваат преслатки креветчиња за животни.

Фото: Ekskluziva

Идејата ја добил кога видел куче како склопчено лежело на бетон, а потоа почнал на луѓето што имаат миленици да им наплаќа за својот труд.

- Сакав да ги продавам преку „Инстаграм“, за две години продадов повеќе од 500 креветчиња. Тоа е доказ дека на луѓето им се допаднала мојата идеја. Хобито од кое сакав да заработам плус пари за својата фамилија се претвори во успешна деловна идеја, а истовремено е и корисна за околината бидејќи гумите не завршуваат во природата и не се палат, туку оние што имаат животни и понатаму ги користат. Секако, уште поставувам креветчиња за напуштени кучиња и мачиња - истакнува Амарилдо.

Фото: Ekskluziva

Покрај оваа работа, Амарилдо наоѓа време за да помага во невладина организација која се грижи за напуштените животни во градот, а одвојува време и да им помага на сиромашните деца.

Во ова видео можете да дознаете како и вие можете да усреќите некое животинче со стара автомобилска гума.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава