X
 07.04.2022 Забава

Првпат објавени фотографии од натпреварот „Најсмешни фотографии од дивиот свет“ за 2021 година

Секоја година натпреварот „Најсмешни фотографии од дивиот свет“ ни предизвикува насмевка.

Фотографите ги пријавуваат нивните најдобри фотографии од дивиот свет, секако, со хумористичен пресврт, со цел да добијат награда како сафари во Кенија.

Исто така, сето ова е во корист на дивиот свет, при што натпреварот се поврзува со различна непрофитна организација која се грижи за зачувување на дивиот свет. Натпреварот во 2022 година започна на Денот на шегата.

Високиот квалитет на фотографии говори за неверојатниот број на фотографи што се вклучуваат секоја година. Од две малечки мечиња, до лисици кои се смешкаат, фотографиите се и технички јасни и ќе предизвикаат насмевка на вашето лице.

За 2022 година натпреварот има шест категории: суштества во воздух, суштества на земја, подводна категорија, видеокатегорија, категорија за млади и категорија портфолио. Како и секогаш, учеството на натпреварот е бесплатно. Комисијата вклучува широк спектар на експерти, а рокот е до 1 септември 2022 година. Добитниците ќе бидат објавени во декември.

Во продолжение погледнете фотографии што беа дел од натпреварот во 2021 година, меѓутоа, не беа објавени.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава