X
 07.09.2019 Технологија

Оваа соба знае што сакате и може да се приспособи според вашите потреби

Како би било да живеете во куќа што може самостојно да ги намести температурата на воздухот, осветлувањето и музиката според вашите потреби?

Тоа и е целта на компанијата „Интелитингс“ со сетот сензори наречени „Рум Ми“ за кои успешно собрала средства преку кампања на платформата за кофинансирање „Индигого“.

Системот се заснова на поврзување на сензорите со вашите паметни телефони, а не со вас лично. Затоа нема да функционираат ако во просторијата влезете без паметен телефон или ако во неа влегол некој од вашето семејство и го оставил својот уред на полнење.

За да функционираат во просторијата, мора да бидат инсталирани најмалку два сензори, од кои едниот мора да биде над влезот во секоја просторија каде што сакате персонализирана автоматизација. За да се избегнат преклопувања, воведен е систем за приоритизација. „Рум мастер“ е главен за одредена просторија, дури и ако детето е наведено како „шеф“ на својата соба. Под него се „Родител и дете“. Ако во собата има повеќе лица од исто ниво, собата се приспособува кон тој што влегол прв.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија