X
 07.11.2019 Образование

Штрајкот на просветните работници ставен во мирување

Штрајкот на просветните работници е ставен во мирување до конечната понуда од Министерството за образование и наука, изјави денеска претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков.

Тој напомена дека штрајкот е ставен во мирување врз основа на анализите дека за зголемување на платите на Министерството за образование и наука му се потребни уште неколку дена.

- Се прават напори за обезбедување на потребните средства. Ова не се празни фрази, туку силна заложба да се најде заедничко прифатливо решение - нагласи министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Тој посочи дека сега се разгледува опцијата наместо од април, да се обезбедат средства за зголемувањето на платите од јануари, како што бара СОНК.

Адеми за утре ги покани претставниците на СОНК на средба во Министерството на последна рунда на преговори каде што ќе се знае конечниот став.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование