X
 08.02.2026 Технологија

Претставено најмоќното радарско светло за велосипеди

„Варија реар вју 820“ е најиновативното радарско задно велосипедско светло, создадено од компанијата „Гармин“, кое може да им помогне на велосипедистите да бидат посвесни и повидливи на патот.

Новото напредно следење на возилата ја детектира големината на возилото, страничното движење и ги категоризира нивоата на закана додека возилата се приближуваат одзади, а предупредувањата се прикажуваат на компатибилни велосипедски компјутери „гармин“ или на апликацијата за паметни телефони „Варија“, благодарение на помоќната и попрецизна радарска технологија.

Ова радарско задно светло е најсветлото досега и служи и како стоп-светло при забавување или запирање, така што велосипедистите можат да бидат сигурни дека се видливи за возачите. А со врвното траење на батеријата до 24 часа, велосипедистите можат да возат уште подолго со поголема свест и спокојство.

Напредно следење на возила

Кога возат со компатибилен велосипедски компјутер „Еџ“, или кога се поврзани со апликацијата за паметни телефони „Варија“, велосипедистите добиваат визуелни и звучни предупредувања кога возилата се приближуваат или менуваат ленти зад нив, заедно со одредување на нивото на закана, што укажува дали возилото што се приближува претставува поголема закана за велосипедистот врз основа на неговата брзина или траекторија. А со новото откривање на големината на возилото, возачите можат да добиваат визуелни предупредувања за големината на возилата што се приближуваат - мали, средни и големи - директно од нивниот компјутер или од апликацијата.

Поголем мир

Со пошироко видно поле, радарот може да детектира возила од неколку ленти подалеку и да ги предупреди велосипедистите. Моќната радарска технологија му овозможува на уредот да детектира возила на оддалеченост до 175 метри.

Покрај вибрирачките предупредувања на вашиот зглоб, паметните часовници од „Гармин“ можат да обезбедат и гласовни предупредувања за возила што се приближуваат. 


Возење со поголема самодоверба

Светлото „варија“, може да се види од оддалеченост од над 2 км и нуди повеќе опции за режим на осветлување, вклучувајќи дневен блиц, ноќен блиц, константно светло и режим на пелотон (група на велосипедисти).

Светлото има и УСБ-Ц влез за практично полнење и нов држач за седиште, што безбедно се прицврстува на речиси секој велосипед. 

Извор: vidi.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија