X
 08.05.2019 Технологија

Проверете дали можете да препознаете вештачки создадена фотографија од човек

Лажните фотографии од луѓе и други слики генерирани од вештачката интелигенција (АИ) стануваат сѐ почести.

Од една страна, ова значи покул визуелни ефекти во видеоигрите и филмовите, но од друга страна, значи и производство на фотореалистична пропаганда, лажна порнографија од реални луѓе или други убедливи, но лажни нешта.

Затоа двајца научници од Универзитетот од Вашингтон создадоа интернет-страница (WhichFaceIsReal.com) која е наменета да ги научи луѓето да ги забележуваат видливите знаци што покажуваат дека некоја фотографија била направена од алгоритам така што ќе бара од нив да погодат која од две фотографии е од вистинска личност, а која е лажна. За да се тестирате, само посетете ја страницата.

Страницата е во функција од февруари и се фокусира на грешките и дефектите во тие портрети и посочува како може да се препознаат (асиметрични заби или очила, проблеми со заднината итн.).

Оваа страница, ако ништо друго, може да служи како потсетник дека АИ-создадената содржина доаѓа и дека сите ќе мораме да бидеме малку покритички настроени кон фотографиите и снимките што ги гледаме секој ден.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија