X
 09.02.2020 Култура

Тука можете да ги гледате „Оскарите“ во живо

Ѕвездите веќе почнаа да поминуваат по црвениот тепих пред театарот „Долби“ во Лос Анџелес пред најгламурозниот настан во светот на филмот - доделувањето на „Оскарите“. „Медена земја“ има две номинации, а сите со нетрпение очекуваме да видиме дали екипата што стои зад документарецот ќе добие статуетка.

Церемонијата, по наше време, ќе почне во 2 часот изутрина, а има неколку начини на кои можете да ја следите, во зависност од тоа каде се наоѓате.

Доколку сте во Македонија, пренос ќе врши телевизијата „Телма“. Ако по некоја случајност немате телевизор, „Телма“ можете да ја гледате во живо ТУКА.

Исто така, имате можност да гледате пренос во живо на „Твитер“, но и на „Фејсбук“.



На официјалната страница на „Оскарите“ има и листи со медиуми кои ќе ги пренесуваат „Оскарите“ во САД и надвор од САД.

Стискаме палци за „Медена земја“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура