X
 09.03.2020 Технологија

ИТ-доминацијата продолжува: Ова се најбараните професии во 2020 година

Социјалната мрежа „Линкдин“ објави список со 15 најбрзо растечки професии во 2020 година, а иако процената е направена на ниво на САД, заклучокот е дека се однесува и на глобалниот пазар.

Очекувано, на листата доминираат ИТ-професиите, генерално сите технолошки професии, инженерство, анализа на податоци и професии од СТЕМ-секторот (наука, технологија, инженерство и математика). Од 15 професии, само неколку немаат врска со технологијата, а листата се базира на потребите за овие професии забележани од 2015 година.

Техничар е единствената професија што се најде на списокот, а која не подразбира факултетска диплома и се наоѓа на 9. место. Според ова истражување, најбарана е во САД, а најмногу се однесува на помагање на аутистични лица или пациенти што имаат други ментални нарушувања.

Најбарана професија во светот, според анализата на „Линкдин“, е експерт за вештачка интелигенција.

Годишната стапка на раст за оваа професија е речиси 74 отсто. На второ место е инженер за роботика, а на трето место е научник за податоци. На високо место е и професијата програмер кој го одржува софтверот и го надградува. Меѓу најбараните ИТ-работни места се и бекенд-програмер, директор за приходи, клауд-инженер...

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото:
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија