X
 09.10.2023 Живот

Ова се најдобрите бесплатни туристички атракции на светот

Кога станува збор за планирање одмор, особено со ограничен буџет, нема ништо подобро од туристички атракции кои можете да ги посетите бесплатно. Компанијата „Касаго“, која изнајмува куќи за одмор, состави листа со најдобрите бесплатни атракции во целиот свет.

Компанијата, користејќи оцени оставени на „Трип адвајзор“, истражувала кои бесплатни туристички места имале најмногу оцени со пет ѕвезди. Според анализата, белгискиот град Бриж е најдобрата бесплатна туристичка атракција во светот. Дури 94,5 отсто од оцените на мини-музејот на харфи, управуван од харфистот Лук Ванлаер, се со пет ѕвезди. Овој музеј е место за интимни концерти, составен да ја воодушеви публиката со убавината на звукот на харфата.


На второто место е Националниот музеј на американските воздухопловни сили. Ова место вклучува многу експонати кои покриваат различни епохи од историјата на американските воздухопловни сили, а 92,85 отсто од неговите оцени се со пет ѕвезди. На третото место се наоѓа водопадот во облик на потковица кој е дел од Нијагарските Водопади во Канада. Дури 92,7 отсто од оцените на ова место се со пет ѕвезди.

Најдобрите 10 бесплатни туристички атракции на светот

1. Мини-музеј на харфи, Белгија
2. Национален музеј на американските воздухопловни сили
3. Водопад во облик на потковица, Канада
4. Национален пешадиски музеј и воен центар, САД
5. Езеро Бакалар, Мексико
6. Златен храм, Индија
7. Планина Фицрој, Аргентина
8. Гробница на непознат војник, САД
9. Австралиски воен споменик, Австралија
10. Прифатилиште за животни „Ланта анимал велфер“, Тајланд

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот