За оние кои веќе го сонуваат годишниот одмор од наредна недела, веб сајтот LonelyPlanet.com ги објавува дестинациите кои вреди да се посетат, но не мора да значи дека сите се егзотични.
Оваа туристичка компанија објавила топ листа за места кои се вредни за посета во 2017-та година, а прва на листата е
Канада, а веднаш по неа Колумбија. Најголема вредност има Непал, а можност за авантура ќе добиете ако патувате во Северен Велс.
Листата се осврнува на застапените трендови, искуства кои можат да се доживеат во земјите, па затоа се вброени местата кои имаат најголема вредност.
Овогодинешните
експерти кои ја составиле листата сметаат дека Канада е најдобрата земја за посета за наредната година, благодарение на прекрасните пејсажи, љубезни домаќини, како и храната. Канада наредната година слави 150 години од своето постоење, а предвидени се голем број на настани.
Колумбија е на второто место благодарение на богатата култура, природа и гостопримство. Во оваа земја со години имало граѓанска војна, па позади себе има и историја.
Финска е на третото место со низа планирани настани за стогодишнината на земјата, вклучувајќи и концерти на отворено, кулинарски искуства и вечери со сауна. Експертите препорачуваат и посета на Мачу Пикчу пред отворањето на жичарата Чогегирао.