X
 09.11.2018 Живот

Совршена работна позиција - патувајте во Тајланд и искусете го најдоброто што го нуди земјата

Ако сакате да дадете отказ од вашето здодевно работно место и ако сакате да патувате низ светот, тогаш имаме нешто за вас.

„Дримџобинг“, заедно со Тајланд, објавува оглас во кој бара една личност што ќе оди и ќе го доживее локалното искуство во Тајланд.

Според „Дримџобинг“, работната позиција подразбира искусување на животот на вистински локален жител додека патувате низ земјата. Среќниот апликант ќе работи на истакнување на некои региони што честопати остануваат незабележани. Исто така, целото патување ќе биде снимено како дел од документарец, кој ќе започне со снимање во јануари 2019 година и ќе биде прикажан една година подоцна.

тајланд
Фото: Shutterstock

Мислите дека ги исполнувате условите за оваа работа? Според огласот, компанијата бара некој со авантуристички дух, кој е подготвен за ваков вид искуство. Тоа е единствениот услов. За возврат, Управата за туризам на Тајланд ќе ви обезбеди авионска карта до и од Тајланд, заедно со сите трошоци во земјата и дневница.

За да аплицирате, сѐ што треба да направите е да испратите кратко видео - 60 секунди или помалку, во кое ќе откриете кои сте вие и зошто сте совршена личност да станете локален патник во Тајланд.

ТУКА можете да пронајдете нешто повеќе за работата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот