X
 09.11.2021 Наука

Метеорскиот дожд „Тауриди“ е најактивен оваа недела

Ноември е одличен месец за станување рано и барање ѕвезди што паѓаат.

Земјата моментално поминува низ долгата опашка на кометата Енке, која се претпоставува дека е остаток од многу поголема комета која се распаднала во минатото. Парчињата од кометата горат при влезот во Земјината атмосфера и изгледаат како ѕвезди што паѓаат.

Овој метеорски дожд се нарекува „Тауриди“ и најдобро се гледа од октомври до декември. Оваа недела треба да биде најдобра за гледање на метеорскиот дожд од северната хемисфера.

Според Американското метеорско друштво, може да се видат до 20 метеори на час секое утро оваа седмица доколку условите се идеални.

Извор: Cnet
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука