X
 10.05.2021 Култура

Патувајте назад во времето и посетете ги Помпеја, Рим и Атина со помош на оваа виртуелна тура

Што кога би имале шанса да патувате назад во времето пред ковид-19, пред шпанскиот грип, па дури и пред бубонската чума?

Сега имате „временска машина“ благодарение на „Еншнт ворлд“, лансиран минатата година од австралиската компанија „Литодомос Ви-ар“. Уште во 2018 година, во соработка со ерусалимскиот музеј, компанијата им даде на посетителите уникатно, дел вистинско дел виртуелно, музејско искуство. На прошетката низ Стариот Град водичот ќе ги натера посетителите да паузираат на клучните места, како Западниот ѕид, лакот на Робинсон, Еврејскиот кварт и Кадро, телепортирајќи ги пред 2000 години.

Кога во 2020 година застанаа меѓународните патувања, „Литидомос“ го насочи своето технолошко знаење кон создавање виртуелни турнеи на античкиот свет, кои може да ги искористи секој со паметен телефон, таблет или компјутер.

Дестинациите што се нудат претежно се од класичниот свет околу Медитеранот, но достапни се и градот Олд Хобарт во Тасманија и турнејата „Џек Мевосек“ во Лондон.

anticki svet
Фото: Ancient World

Најдалеку што можете да патувате е пред 5.000 години за да го видите мистериозниот споменик Стоунхенџ.

Основачот на „Литодомос“, Сајмон Јанг, објаснува дека компанијата користи археолошки и историски податоци за да се осигури дека реконструкциите се што е можно попрецизни.

- Плановите на локалитетите, цртежите за издигнувањата и впечатоците на уметниците се вметнати во географски информациски систем, кој потоа се мапира на вистинскиот свет. Од ова се произведуваат детални 3Д-модели создадени од 3Д-уметници под будното око на надзорниот археолог. Кога се вклучени музеи и археолошки паркови, локалните експерти обезбедуваат преглед за секоја неопходна корекција и рафинирање за да се обезбеди точност - вели тој.

ТУКА можете да ги видите турите што ги нуди компанијата.

Извор: Тravel and leisure
Фото: Ancient World
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура