X
 10.06.2021 Спорт

УЕФА најавува спектакуларна церемонија за отворањето на ЕП

На церемонијата на отворањето на Европското првенство во фудбал (УЕФА ЕУРО 2020) ќе биде користена врвна технологија. Ќе настапат Мартин Гарикс, Боно и Еџ, кои ќе имаат изведби од „Олимпико“ во Рим, утре.

Официјалната песна на првенството ќе биде изведена од рок-легендите и диџејот со изведба која ќе вклучува виртуелни елементи што треба да направат обожавателите да се чувствуваат поблиску до настанот во живо. Песната „We are the people“ ќе биде изведена пред почетокот на првиот натпревар помеѓу Италија и Турција.

Од УЕФА откриваат дека фудбалскиот терен ќе биде трансформиран во сино-бел оган со милиони светла додека Боно ја изведува песната преку видеопроекција на сцена. Настапот бил снимен во Лондон и на стадионот во Рим.



Извор: UEFA
Фото: „Олимпико“/Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт