X
 10.12.2021 Култура

Ова се десетте најпопуларни филмови и серии за 2021 година според IMDb

На својата веб-страница и социјални мрежи, IMDb објави листа со десетте најпопуларни филмови и серии за 2021 година. Резултатите се базираат на реални месечни прегледи на веб-страницата.

На листата со најпопуларни филмови оваа година нема ниедна драма или хорор-филм, а преовладуваат научнофантастичните филмови и приказните за суперхероите.

Првиот најпопуларен филм е „Дина“, нова адаптација на научнофантастичниот роман на авторот Франк Херберт. Дејството во филмот го следи младиот Пол Атреидес, на кого му е доверена заштита на највредните имоти и најважните елементи во галаксијата. Филмот оствари голема заработка, а веќе е потврдено снимањето на продолжението во кое ќе се заврши дејството од првиот роман.

По него следува „Одредот на отпишаните“, во кој најозлогласените негативци се вклучуваат во тајна мисија да помогнат да се запрат уште поголемите негативци. Годинава излезе второто продолжение, а во првото продолжение од 2016 година во составот беше најголемиот противник на Бетмен - Џокер.

Освен овие два филма, преостанатите филмови што се наоѓаат на листата се „Вечните“, „Мортал Комбат“, „Лига на правдата на Зек Снајдер“, „Годзила против Конг“, „Црната вдовица“, „Армијата на мртвите“, „Круела“ и „Шанг-Чи и легендата за десетте прстени“.



Слична е ситуацијата и со овогодишните најпопуларни серии. На листата се наоѓаат суперхероите на „Марвел“, но и научнофантастични серии, како и доста популарни серии базирани на познати љубовни романи.

Оваа година најпопуларна серија на IMDb е мини-серијата „Вандавизија“. Дејството на серијата се случува по филмот „Бесконечна војна“.

На второ место се наоѓа „Локи“, уште една серија на „Марвел“ чие дејство е сместено по случувањата во последниот филм „Одмаздници: Крај на игрите“.

Покрај овие серии се наоѓаат и корејската серија „Игра со лигни“, „Фалкон и Зимскиот војник“, „Бриџертон“, „Живи мртовци“, „Мер од Ист таун, „Сенка и коска“, „Кобра Каи“ и „Луцифер“.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура