X
 11.03.2019 Образование

Јавен повик за Петтите ораторски денови на МСУ, 2019

Факултетот за правни науки при Меѓународниот славјански универзитет ,,Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола објавува јавен повик за Петтите ораторски денови, кои ќе се одржат на 18 април 2019 на Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола.

Краток преглед:

•    може да учествуваат студентите од сите универзитети во Република Северна Македонија
•    студентите може да студираат на прв или втор циклус студии
•    темата е „Клучни говори од историјата“
•    онлајн-пријавување до недела, 10.03.2019
•    прелиминарна аудиција: петок, 05.04.2019 од 12:00 часот во Свети Николе
•    финале: четврток, 18.04.2019, 19:00 часот во Битола
•    награди за прво, второ и трето место

denovi

Чекор по чекор

Годинава темата на настанот е „Клучни говори од историјата“.

1.    Од студентите се очекува да подготват познат историски говор или извадок од говор, не подолг од 5 минути. Содржината на говорот може да биде еден од трите вида говорништво (судско/форензично, политичко/делиберативно и пригодно/ епидеиктично). Избраниот говор треба да биде прикачен во апликацијата која е дадена подолу.

2.    Може да се аплицира најдоцна до 10.03.2019.
3.    Комисијата го разгледува говорот и потврдува дали говорот ги исполнува условите најдоцна до 22 март 2019.
4.    Кандидатите што ќе бидат избрани ќе бидат поканети на прелиминарна аудиција која ќе се одржи на МСУ во Свети Николе на 5 април 2019.

5.    Според покажаниот успех на прелиминарната аудиција, комисијата може да го одобри или одбие учеството на кандидатот на финалето на настанот.
6.    Кандидатите што ќе покажат успех на прелиминарната аудиција ќе можат да продолжат во финалето.
7.    Комисијата во финалето избира тројца победници.

Комисија

Членови на комисијата се:
•    проф. д-р Иван Ефремовски, Меѓународен славјански универзитет „Г. Р. Державин“
•    доц. д-р Гергана Дјанкова, Југозападен универзитет „Неофит Рилски“ – Благоевград
•    доц. д-р Јагода Митревска, Меѓународен славјански универзитет „Г. Р. Державин“
•    двајца членови од Великотрновскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Велико Трново
Награди:
Прво место: Златна плакета, лаптоп и комплет книги

Второ место: Сребрена плакета, таблет и комплет книги

Трето место: Бронзена плакета и комплет книги

Пријавување:  

Сите заинтересирани студенти што студираат на кој било универзитет во Република Северна Македонија можат да се пријават најдоцна до 10.03.2019 со пополнување на апликацијата на официјалната страница на Меѓународниот славјански универзитет. Пријавувањето може да го направат ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование