X
 11.06.2022 Образование

Зошто во некои земји дипломците ги фрлаат капите на крајот од церемонијата?

Многу моменти во церемонијата на дипломирање може да бидат незаборавни, но една од највпечатливите традиции во западниот свет е фрлањето на капите во воздух. Ова го означува крајот на студирањето и почетокот на ново поглавје. Како настанала оваа традиција?

Обичајот датира од 1912 година од американската поморска академија. Пред дипломирањето студентите на академијата морале да поминат двегодишна служба пред да станат офицери во морнарница, поради што морало да ја задржат својата униформа.


Фото: Pixabay

По дипломирањето на генерацијата 1912, дипломците добиле нови офицерски капи, па ги фрлиле старите во воздух за да прослават. Ова станало практика за церемониите на академијата и на други институции.

Денес, некои институции ја прифаќаат оваа традиција, додека други ја отфрлаат, а традицијата се практикува и по завршувањето на средното образование.

Извор: Studenti
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование