X
 20.09.2021 Образование

Студенти во Загреб ќе следат предавања во киносала

Студентите во прва и втора година на Правниот факултет во Загреб оваа академска година ќе ја започнат во киносала наместо во предавална.

Предавањата не може да се одржуваат на факултетот бидејќи зградата била оштетена од земјотресите што ја погодија Хрватска. Затоа наставата ќе продолжи во киносала на „Синестар“.

Факултетот објавил повик за изнајмување простор бидејќи очекувал наставата да се одржува во живо овој семестар. Условите биле просторот да има најмалку 350 места за седење и да биде оддалечена најмногу 3 километри од главната зграда на факултетот.

Факултетот ќе ја користи киносалата од 8 до 12 часот.

Извор: Studentski
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование