X
 12.01.2024 Образование

Ги запознаваме најдобрите студенти на УКЛО: Јована Јоноска од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид

Во новиот серијал на УКЛО ги запознаваме најдобрите студенти. Серијалот го продолжуваме со Јована Јоноска од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид.

Зошто одбра да студираш на УКЛО? Зошто е добро да се студира дома?


- Одличната репутација и квалитетните програми во областа која ме интересира придонесоа да донесам одлука да студирам на универзитетот. Професорите се искусни и предаваат актуелни содржини, универзитетот се издвојува со својата посветеност кон иновации во образованието и активностите за студентите. Студирањето во својот град дава предност на лично ниво, со можност за поддршка од семејството и пријателите и е економски изводливо бидејќи нема потреба за дополнителни трошоци за живеење надвор од домот.

Што значи за тебе наградата најдобар студент?

- Наградата „Најдобар студент“ што ја доделува УКЛО не е само признание за академските постигнувања, туку и признание за личната ангажираност, посветеност и истрајност. Оваа награда за мене претставува дополнителна мотивација за постојано усовршување, како и поддршка на личен и професионален план.

jovana

Ги исполни ли УКЛО твоите очекувања? Кои моменти од студентските денови ќе останат во твоите сеќавања?

- Студентскиот живот на универзитетот беше искуство за саморазвој и изградба на пријателства. Учеството во различни активности, клубови и заеднички проекти придонесе кон мојата целокупна едукација и го заокружи студентското искуство.

Времето на корона донесе нови и предизвикувачки динамики во студентските денови, но и покрај тоа што голем дел на студентските денови ги поминавме во онлајн учење, имавме значајни моменти кои ќе ги паметам, дури и во предизвиците, ние студентите имавме способност да се адаптираме и креативно ги обликувавме своите студентски денови.

Каде се гледаш по пет години?

- За пет години се замислувам себеси како успешен професионалец во својата област, со степен на експертиза и влијание во она што правам. Имам јасна визија за мојата кариера и постојано работам кон постигнување на своите цели.

Твојата порака до сегашните и идните студенти на УКЛО?


- Прво и најважно, да ги искористат секојдневните можности што ги нуди универзитетот за учење, за развој и изградба на нови пријателства. Да не забораваат да го балансираат студентскиот живот со здрав начин на живот. За време на предавањата, студентскиот живот може да биде интензивен, па важно е да се грижат за своето физичко и ментално здравје.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование