X
 12.04.2023 Култура

Пристигнуваат нови продолженија на „Војна на ѕвездите“

Неодамна беа претставени планови за три нови продолженија на „Војна на ѕвездите“. Меѓу другото, Дејзи Ридли повторно ќе ја толкува улогата на џедај во далечната галаксија.

Во едно од новите продолженија, Ридли ќе ја игра Реј во приказна сместена 15 години по настаните во „Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“, кој излезе во 2019 година. Новиот филм ќе се фокусира на основање нов одред на џедаи, додека непријателите се обидуваат да го срушат.

Претседателката на „Лукасфилм“, Кетлин Кенеди, ги најави новите проекти на годишниот собир на обожаватели во Лондон. Актерката го потврди своето враќање на истиот настан.



„Дизни“ ја купи „Лукасфилм“ во 2012 година и објави три филма од 2015 до 2019, како и неколку серии. Не е откриено кога може да ги очекуваме новите филмови.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура