X
 12.09.2025 Живот

„Ѓаволот носи прада 2“ бара 2.000 статисти со посебни карактеристики за снимањето во Милано

Второто продолжение на култниот филм „Ѓаволот носи прада“ доаѓа во Милано и токму таму ќе се снимаат дел од најзначајните сцени. Од 1 до 16 октомври градот ќе се претвори во голема филмска сцена, а продукцијата најави вклучување на околу 2.000 статисти, бројка што открива колку е амбициозен проектот.

Но, шансата да се стане дел од ова снимање не е достапна за секого со оглед на тоа што постојат критериуми: кандидатите мора да имаат над 30 години и да бидат професионално поврзани со мода, дизајн, комуникации или организација на настани. Целта е на екран да се добие автентична и веродостојна слика на миланската модна сцена.

Секој избран статист ќе добие однапред подготвени насоки за изгледот и однесувањето на сетот. Насоките ќе послужат како водич за создавање атмосфера на ексклузивност и софистицираност, а доколку некој ја утне темата, костимографскиот тим ќе се погрижи сè да се усогласи до најситен детаљ.

Со оваа масовна потрага по статисти, Милано се подготвува да стане пулсирачка точка на една од најочекуваните продукции во последните години - отворен филмски сет каде што се испреплетуваат реалноста и фикцијата. Градот и светската публика ќе добијат можност да уживаат во тој неповторлив спој на мода, моќ и спектакл, кој и на првиот филм му обезбеди статус на безвремен култен класик.

Кога ќе го гледаме „Ѓаволот носи прада 2“

Снимањето е во полн ек и се одвива меѓу Њујорк и Италија, а премиерата е закажана за 1 мај 2026 година, што е совршен тајминг во пресрет на пролетта и, што е особено интересно, само два дена пред гламурозниот настан „Мет гала“ 2026 година. Дали ова е случајност? Апсолутно не.

Извор: Zadovoljna.nova.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот