X
 12.12.2018 Култура

Македонија меѓу највозбудливите дестинации за 2019 година на „Нешнл џиографик“

Како и секоја година, така и оваа познатата веб-страница „Нешнл џиографик“ на своите читатели им ги претставува највозбудливите дестинации што треба да ги посетат во годината што претстои.

Оваа година меѓу 28. дестинации се најде и Македонија. „Нешнл џиографик“ ѝ го додели 25. место, а како причина зошто треба да се посети нашата земја ја наведува авантурата.

- Без оглед на тоа дали ќе стават или нема да стават „Северна“ пред името на нивната земја, неодамнешните вести за овој долготраен спор со Грција го подигнаа профилот на малата балканска нација. Опкружена од Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија, без излез на море, Македонија можеби нема брег, но изобилува со планини и езера. Високите врвови, длабоките клисури и водопади ги благословуваат трите малку посетени национални паркови на земјата: Галичица, Маврово и Пелистер. Пловете со кајак покрај брегот на Охридско Езеро, едно од најстарите и најдлабоки езера во Европа, и летајте над Пелагониска Лотлина од тревното место за полетување во македонскиот параглајдерски центар и највисок град Крушево, висок 4.429 стапки - пишува „Нешнл џиографик“ за Македонија.

Меѓу првите 10 на листата се најдоа Мексико Сити - Мексико, амазонските џунгли - Перу, Фанџингшан - Кина, Дакар - Сенегал, Дордоња - Франција, Кантербери - Нов Зеланд, Хоанг Лиен Син - Виетнам, Гренланд, Оман и Канзас Сити - Мисури.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура