X
 13.03.2019 Култура

Се враќа познатата серија „Раскажувачот“?

Нил Гејман и „Џим Хенсон компани“ преговараат за враќање на познатата и сакана серија „Раскажувачот“ на малите екрани. Иако сè уште нема многу детали за серијата, фановите се многу возбудени.

„Раскажувачот“ е серија што почна да се емитува во 1987 година. Нил Гејман беше режисерот. Ентони Мингел беше авторот на сите епизоди, а соработувал со Џим Хенсон за создавање на оваа серија. Џон Хрт го глумеше познатиот раскажувач, а тој беше придружуван од безброј суштества, митски и магични. Заедно истражувале за многу различни концепти и теми.

Римејкот


Во најновиот римејк Нил Гејман ќе бие писател и режисер, а друг факт што вреди да се знае е дека серијата е дизајнирана за „бинџ-гледање“ (непрекинато гледање на епизоди). Ова се одлични вести за оние што планираат во една ноќ да ја изгледаат цела серија.

„Раскажувачот“ овој пат ќе се фокусира на фолклорот и бајките. Ќе има и пресврти, но сè уште нема детали, а не се знае и кои бајки ќе се раскажуваат.

- Оригиналната серија „Раскажувачот“ беше брилијантно напишана, режирана и раскажуваше цела серија приказни. Станува збор за застрашувачка и инспиративна задача повторно да го создадеме она што Џим Хенсон го направи во златната доба на телевизијата и чест ми е што „Џим Хенсон компани“ ми ја довери задачата да го вратам раскажувачот и да го испратам во светот со сосема нови приказни - изјави Нил Гејман.

И ќерката на Џим Хенсон, Лиза Хенсон, која е и извршен директор на „Џим Хенсон компани“, е многу возбудена за проектот.

- „Раскажувачот“ секогаш беше посебен проект за мене, со оглед на тоа што работев со татко ми на оригиналниот концепт - вели таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура