Со откривањето на беспилотниот подводен систем „Лампреј“ од американската компанија „Локхид Мартин“ започна нова ера во воената поморска автономија. Се работи за систем способен за извидување и офанзивни операции.
„Лампреј“, долг 7,3 метри и опремен со товарен простор од 7,3 метри, може да извршува различни задачи. Може да остане на морското дно за да собира разузнавачки информации, да ги полни батериите со спојување со носач на авиони и да одржува низок профил на прикриеност за време на своите операции, објавиле од американската компанија.
Ова беспилотно подводно возило е дизајнирано да се распореди во рој, комуницирајќи со други слични системи за извршување сложени мисии. Од компанијата „Локхид Мартин“ ги истакнале напредните технологии за надзор на системот „Лампреј“ кои можат да се применат на морската површина.
„Лампреј“ може да испалува торпеда и мамки под вода. На површината може да лансира беспилотни летала за извидување или за кинетички напади, овозможувајќи војување во повеќе домени против бродови, додаваат од компанијата.
- „Лампреј“ беше финансиран интерно, што ни овозможи да го развиеме системот со неверојатна брзина и да ѝ испорачаме на американската морнарица вистински систем за оружје со повеќе мисии кој автономно детектира, блокира, мами и се справува со цели - изјавил Пол Лемо, потпретседател и генерален директор на одделот за сензори, ефектори и системи за мисии во „Локхид Мартин“.
Извор: zimo.dnevnik.hr
Фото: YouTube screenshot