X
 14.03.2023 Политика

Европа сака драстични промени - ако ја изгубите возачката поради пребрзо возење во една земја, нема да може да возите никаде во ЕУ

Европската комисија сака суспензијата на возачките дозволи во иднина да се применува преку границите на земјите членки.

Според сегашните правила, доколку сте возеле пребрзо во една земја во ЕУ, може да ја изгубите возачката дозвола најмалку еден месец, но ваквата казна важи само во таа држава. Во иднина, ваквите забрани и казни веројатно ќе се применуваат преку границите во сите земји на ЕУ. Ова го предвидува нацрт-закон на Европската комисија.

Германскиот автоклуб АДАЦ смета дека промената е добра.

- Ефектот на мерките за издавање возачки дозволи во ЕУ придонесува за зголемена безбедност на патиштата - изјавил Мајкл Нисен, шеф за меѓународно право во правното седиште на АДАЦ.

Недоличното однесување во сообраќајот во странство треба да има последици и во земјата на живеење, според него. Сепак, ќе биде потребно извесно време додека директивата не се имплементира во националното законодавство, кое  треба да биде усвоено од европските власти, додал тој.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика