X
 14.07.2023 Технологија

„Нетфликс“ најавува нова функција за „жртвите“ од неодамнешната акција против споделување лозинки

„Нетфликс“ најави нова функција за пренос на профил за оние што се „жртви“ на неодамнешната акција за споделување лозинки на платформата. Корисниците сега можат да ги префрлат своите профили на „Нетфликс“ на постојна сметка наместо да бараат нова сметка.

Значи, ако сакате да си го вратите стариот профил на „Нетфликс“ затоа што сте биле исфрлени од профилот на вашиот пријател кога стапиле во сила ограничувањата за споделување лозинка, сега можете да ги префрлите сите информации за вашиот профил на старата сметка. Можете дури и да го префрлите вашиот профил на туѓа сметка ако немате стара сметка на која треба да се вратите.

Оваа најнова функција е додаток на претходно најавената функција за пренос на профил што им овозможува на корисниците да се преселат на нова сметка со сите информации за нивниот профил. Единствената разлика е во тоа што сега можете да го преместите вашиот профил на која било сметка на „Нетфликс“.

Информациите што ќе се движат со вашиот профил на „Нетфликс“ ги вклучуваат вашите персонализирани препораки, историја на гледање, список со филмови и серии за гледање, зачувани игри и други поставки.

За да го префрлите профилот, треба да ви излезе опција „Префрли профил“ од паѓачкото мени, а потоа да ги следите упатствата на екранот.

Извор: Androidauthority.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија