X
 14.10.2019 Технологија

Наградена првата македонска мобилна апликација за намалување на загадениот воздух

Авторите на првата македонска мобилна апликација „Challenger“ чија цел е намалување на загадениот воздух во Скопје победија на регионалниот натпревар за зелен бизнис АРНО, во конкуренција на млади од Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Србија и Црна Гора.

Целта на оваа апликација, како што велат победниците, е да создаде регионално влијание преку наградување на луѓето што пешачат или се движат со нивниот велосипед по локалните улици. Секој поминат километар пешки или на велосипед се брои, на принципот колку повеќе километри, толку повеќе „Challenger“ поени кои носат попусти и награди.

Апликацијата „Challenger“  ќе биде лансирана до крајот на годината, а дотогаш креаторите на апликацијата, Теодора, Олга, Стефан и Митко, упатуваат апел до сите компании директно да се вклучат со цел сите заедно да ги создаваат промените.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија