Уште од почетокот на создавањето на првата сијалица па се' до денес, кога секој наш чекор е обележан во онлајн светот, несомнено е дека технологијата е еден од најважните делови кои ни помагаат во секојдневниот живот, па дури и не' разгалуваат.
Што би правеле без денешната технологија? Се чини дека нашите животи зависат од интернетот, а истото важи и за студентите кои се познати по зависноста од технологијата и уредите.
За да се поедностават работите, ви нудиме практични гаџети кои секој студент треба да ги поседува.
1. Лап топ
Број еден уред на листата е семоќниот лап топ. Задачи, групни проекти, презентации, пораки, меилови и во основа секакви други задачи студентите можат да ги извршуваат токму со помош на лап топот. Ниту еден студент не би можел да го преживее студентскиот живот без лап топ. Имате широк спектар на избор - Apple Macbook Air 13" 128GB и RM3709, Lenovo Yoga 3 Pro RM14399, Asus N550 Gaming Laptop RM3985.
2. Паметен телефон
Следен на
листата е паметниот телефон ќе ве поврзи со сите важни луѓе во вашиот живот. Паметните телефони нудат неверојатни апликации кои ќе ви го олеснат секојдневниот живот. Менаџирајте го вашиот распоред соодветно со вашиот мобилен календар, фотографирајте ги белешките кои ве мрзи да ги препишувате и не заборавајте да вратите на пораките од колегите.
Најдобар избор ви е Apple iPhone 6 Gold и Samsung Galaxy S6 4G+ Gold Platinum.
3. Таблет
Таблетот ќе биде вашиот најдобар другар за време на предавањата, кога нема да мора да го носите тешкиот лап топ. Можете да избирате меѓу Amazon Firre HD7 Tablet и Sony Xperia Z3 Tablet Compact SGP611Wifi кој е водоотпорен.
4. Пренослив полнач
На сите овие уреди потребен им е соодветен полнач кога ќе ви се испразни батеријата. Во спротивно, секој од нив е бескорисен. Како што докажува и самиот Марфиев закон, батеријата на вашиот уред веројатно ќе се испразни тогаш кога најмногу ќе ви треба. Еден од најдобрите вакви полначи e Xiaomi 10400mAh.
5. Хард диск
Кога работите на неколку задачи истовремено, а имате илјадници документи кои ќе ви бидат потребни и во иднина, губењето на податоците во моментите кога вашиот лап топ наеднаш ќе се исклучи би било ужасно. За да не се случи тоа, добро би било да поседувате хард диск каде ќе ги чувате сите важни податоци, а еден од најдобрите е Adata 1TB External Hard Drive.