X
 14.12.2022 Наука

Како може нуклеарната фузија да го смени светот?

Научници од САД направија голем напредок кога станува збор за нуклеарната фузија. Нуклеарна фузија е процес во кој два или повеќе атоми се спојуваат за да се добие поголем атом. Во овој процес се ослободува големо количество енергија.

Научниците со децении се обидуваат да произведат доволно енергија за да започне реакцијата. Меѓутоа, научници од националната лабораторија „Лоренс Ливермор“ во Калифорнија открија дека создале реакција која произвела повеќе енергија од количеството што било потребно за да се започне реакцијата. Овој напредок може да го смени светот на следните начини:

Намалување на емисиите на јаглероден диоксид

Доколку нуклеарната фузија се комерцијализира, поголемите корпорации и светското население би можеле да ја користат за производство на почиста енергија. Процесот не користи фосилни горива и не произведува големо количество радиоактивен отпад.

Иако процесот не е целосно чист, тој е многу почист од методите за производство на енергија што се користат денес. Сепак, веројатно ќе поминат децении пред да се комерцијализира нуклеарната фузија.


Безбедна алтернатива

Реакторите за нуклеарна фузија се побезбедни од оние што произведуваат енергија со нуклеарна фисија, процес во кој се раздвојуваат два атоми. Овие нуклеарни централи создаваат радиоактивен отпад кој е штетен за луѓето. Од друга страна, нуклеарната фузија создава мало количество краткотраен радиоактивен отпад кој се смета за помалку штетен за луѓето. Освен тоа, овие реактори не може да создадат нуклеарни експлозии.

Намалување на политичките конфликти

Земјите со многу природни ресурси се сметаат за помоќни бидејќи ја диктираат цената на енергијата за светот. Со нуклеарната фузија, секоја земја што има доволно средства, вода и простор за изградба на централа може да произведува енергија за жителите.

Бесконечно гориво

Горивата сега се вадат од земјата, но тие извори не се бесконечни. За нуклеарната фузија е потребна вода, која може да произведува бесконечно количество енергија за светот.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука