X
 04.01.2015 Образование

СПУКМ со предлог за пофлексибилен државен испит



Студентскиот парламент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј побараа од Владата државниот испит да биде пофлексибилен, односно да може да се полагаат предмети од трета година без да биде положен првиот дел на крајот од втора.

Студентите ценат дека на овој начин би се зголемила мотивацијата и би се обезбедил дополнителен временски период за учење за оние студенти кои нема да го положат државниот испит од прва. На иницијативата на студентите од скопскиот универзиитет, се приклучија и нивните колеги од Универзитетот во Битола

Претходно со своите предлози излегоа неколку универзитети и факултети. Од Штуловиот унивезритет побараа во наставата да се користат програмите на најдобрите светски универзитети, а од ФИНКИ, покрај програмите на најдобро рангираните образовани институции да се остави простор факултетите сами да креираат третина од својата наставна програма.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование