За да заработувате добро во Германија, треба да имате завршено за доктор, правник или инженер и секако, да работите за голема компанија. И по можност да живеете во Хесен. Ова се резултатите за моменталната состојба на платите за професионалците и менаџерите.
Истражувањето покажало дека докторите во просек заработуваат 77.950 евра бруто годишно. Правниците заработуваат „само“ 65.040 евра. IT професионалците и инженерите просечно заработуваат нешто повеќе од 59.000 годишно.
Што се однесува до различните видови сектори, најдобро платени се работниците во банкарскиот сектор (62.541 евра), фармација (59.990 евра) и индустријата за возила (59.727 евра).
Кога зборуваме за германските сојузни држави, најслабо се заработува на исток. На пример, во Саксонија-Анхалт просечната плата е 38.309 евра годишно. Полошо се заработува и во Мекленбург- Западна Померанија (39.377 евра), Саксонија (40.022 евра), Браденбург (40.022 евра) и Тирингија (40.213 евра). Најдобро се заработува во Хесе, Баварија и Баден - Виртемберг.
Министерството за економија неодамна
предупреди дека во Германија до 2020 година ќе недостасуваат 1.3 милиони работници. Високообразовните во оваа земја заработуваат 35% повеќе отколку оние без факултет. Докторите заработуваат за 16% повеќе од магистрите - во просек 64.419 евра.
Подобро се заработува во големите компании - за 10% повеќе отколку во помалите. Мажите заработуваат повеќе од жените (докторите во просек повеќе од 16.720 евра).