X
 26.01.2015 Образование

Дали интернетот е добро средство за академско истражување и пишување?

Интернетот е моќен ресурс кога станува збор за академското истражување и пишување. Знаеме дека постојат голем број на начини за користење на ресурсите онлајн, вклучувајќи ги весниците, библиотеките, кусите курсеви и многу други, но и покрај тоа што бенефициите се навистина прилично големи, во оваа прилика ќе се обидам да ги потенцирам работите на кои што треба да се обрне посебно внимание.


Весници

Весниците и списанијата се најверојатно најочигледниот ресурс кој може да се најде на интернет. Многу е лесно да да најдете објава која точно одговара на областа за која бараме податоци, и истовремено таа да биде релевантна и најнова во таа област. Големината на содржината која се наоѓа на интернет и богатството со информации, претставува слабост, бидејќи за да се стигне до содржината која што ни е всушност потребна, потребно е да се пребараат повеќе списанија и весници. Треба да имаме во вид дека податоците кои би ги пронашле можеби нема да бидат со онаква длабочина и експертиза која ни е потребна, или можеби нема да одговараат со истражувањето кое го спроведуваме. Сепак и покрај огромниот број на податоци од весниците значаен дел од потребните информации се резервирани во книгите и не се достапни во списанијата и весниците.

Онлајн библиотеки

Статистиката покажува дека онлајн библиотеките имаат огромен број на начини кои на корисниците им овозможуваат да дојдат до посакуваната содржина (вклучувајки цели изданија од книги во PDF формат). Во голем дел од случаите може да се најде PDF верзија од точната книга која ја барате, но исто така можете и да не пронајдете никаков материјал кој е бесплатен за превземање. И покрај овие факти, библиотеките нудат огромен број на бесплатни книги. Голем дел од нив се со ограничени авторските права, но независно од тоа пребарувањето преку интернет и онлајн библиотеките може да биде далеку поефикасно околку да станете и да отидете во најблиската библиотека.

Подкаст

Повеќето универзитети сега нудат подкаст платформи (снимени говорни содржини), кои се одличен начин да следите што е најново во одредена област, туку и да имате преглед од предавањата во вашиот или конкурентниот универзит. Ова придонесува за флексибилност во учењето и значајно го подобрува квалитетот на истото. Би било од голема корист доколку лично го познавате предавачот на лекциите и сте запознаени со неговите лекции, бидејќи материјалот полесно се разбира на предавања, отколку ако се совладува само од книга.

Куси курсеви онлајн

Универзитетите нудат и широк опсег на куси курсеви кои ќе ви помогнат во истражувањата и учењето. Кратките курсеви можат да се најдат онлајн, во конвенционалните училници, како и на онлајн сајтови кои не се поврзани со универзитетите. Голем дел од курсевите се потребни за истражување и учење и се наоѓаат во рамки на факултетите, но бројот на курсеви кои не се поврзани со темите на истражување и учење (креативно пишување, есеи, математика итн.), а кои можат позитивно да делуваат на истражувањето е подеднакво голем. Кај курсевите треба да се внимава на квалитетот на курсот, односно некои курсеви иако се ефтини и достапни за сите, ја немаат потребната длабочина да создадат знаења кои ќе имаат квалитет (типично за курсевите за Web design). Затоа најдобро е да се земаат курсеви по препорака.

Online Cultus


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование