X
 16.02.2015 Образование

Канада, новата земја на високото образование

Меѓу најпопуларните дестинации за студирање од страна на странските студенти се наоѓаат Австралија, Обединетото Кралство, САД и Канада. Овојпат пишуваме за студиите во Канада. Каква е вредноста на канадското образование и колку чини истото?


Канада е поевтина за студирање од останатите најпопуларни држави

Според едно меѓународно истражување спроведено на последипломци во 2014, најпопуларните три дестинации за меѓународните студенти кои ги избрале за студирање пред Канада се САД, Обединетото Кралство и Австралија.

Во истото истражување, 64% од студентите изјавиле дека цената на студиите во Канада во споредба со останатите земји била многу важен или единствен фактор во нивната одлука за студирање во земјата. Просечно, цената на студирањето во Канада (студирање и живот) е пониска од останатите популарни земји за студирање.


Канадските факултети нудат квалитет

Според претходно споменатото истражување, канадското образование нуди исклучителна вредност за цената.

- 83% одговориле дека канадското образование им овозможило да решаваат комплицирани и реални проблеми;

- 89% одговориле дека нивното канадско образование им помогнало да добијат работа или повеќе знаење корисно за работа;

- 80% одговориле дека со канадското образование добиле повеќе шанси за добра заработка во иднина.

Поголемиот дел од меѓународните студенти во Канада го препорачуваат образованието во земјата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование