X
 27.02.2015 Образование

Европскиот парламент дебатира за болоњскиот систем во високото образование

Вчера, на 26 февруари, Советот за култура и образование на Европскиот парламент требаше да дебатира за извештај за имплементацијата на болоњскиот процес, подготвен од Кристина Либаска, член на Европскиот парламент.


Извештајот има цел да ги покаже сите страни од болоњскиот процес. „Одлично е да се види интересот на членовите на Европскиот парламент за иднината на високото образование во Европа и начинот на кој тоа влијае на животите на милиони студенти“, изјави Елизабет Герке, претседател на Европската студентска унија.

„Би сакале да видиме поддршка од сите политички групи во Европскиот парламент бидејќи е важно да се задржат јасните приоритети за иднината на европската соработка во високото образовани“, додава таа.

Во извештајот се повикуваат сите земји-членки на ЕУ да го поддржат болоњскиот систем и неговите цели, а се побара и дијалог помеѓу владите и високообразовните институции за максимално користење на достапните финансиски средства. Се побара и правилно имплементирање на Европскиот кредит трансфер систем.

Веста доаѓа само еден ден откако Економскиот факултет во Загреб го напушти болоњскиот систем на студирање, иако Хрватска е членка на ЕУ.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование