X
 01.06.2016 Образование

Кој плаќа за студирањето: даночните обврзници или студентите?

Високото образование најчесто се смета за приватна инвестиција за која цената ја плаќаат индивидуалците. Финансирањето на високото образование со парите на граѓаните кои плаќаат данок може да ја поттикне социјалната нееднаквост, пишува во најновиот извештај на ОЕЦД.

Сепак, во некои земји, цената за студирање како и трошоците за други социјални, културни и образовни услуги, се плаќа од буџетите.

Последниот извештај „Education indicators in focus“ нуди податоци за школарините кои ги плаќаат студентите. Графикот во продолжение ги покажува просечните годишни школарини во повеќе земји.


На врвот се наоѓаат земјите каде што студирањето е приватизирано, а на дното се земјите во кои високото образование се финансира преку даноците, па оттаму немаат или имаат мала школарина. На врвот се најдоа Велика Британија, Јужна Кореја, Јапонија, САД и Канада. На дното, пак, се наоѓаат Турција, Шведска, Словенија, Словачка и Норвешка.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование