X
 20.08.2020 Култура

Најдобрите филмови на сите времиња според најуспешните режисери

Голем дел од познатите режисери обожаваат да гледаат филмови што ги инспирирале да ги создадат нивните-ремек дела. Во тие моменти, за кои филмови се одлучуваат режисери како Вуди Ален, Вес Андерсон, Тарантино и други?

Квентин Тарантино, режисер на „Евтини приказни“, „Неславни копилиња“, „Си беше еднаш во Холивуд“


„Ползач“ му е омилен филм на Карантино од 2019 година. Со оглед на рејтингот од публиката, обичните гледачи не беа воодушевени од филмот. Но, Тарантино истакнува дека филмот го импресионирал на секој начин, во смисла на чисто создавање филм.



Вуди Ален, режисер на „Љубов и смрт“, „На Рим, со љубов“, „Сензација“

Филмот „Лето со Моника“ од шведскиот режисер Ингмар Бергман му е еден од најомилените на Вуди Ален.

Главните ликови, Моника и Хари, се млади и неискусни. Нивните животи не се одвиваат онака како што сакаат, па одлучуваат да избегаат од суровата реалност.



Кристофер Нолан, режисер на „Темниот витез“, „Почеток“, „Интерстелар“


Омилениот филм на Кристофер Нолан е „Првиот човек“.

Станува збор за биографски филм што ја раскажува приказната за летот до Месечината. Астронаутот Нил Армстронг, кој е првата личност што стапнала на Месечината, е главниот лик во филмот, а филмот изобилува и со детали од неговиот живот и настаните со кои се соочил пред да ја освои вселената.



Тим Бартон, режисер на „Едвард со рацете-ножици“, „Бетмен се враќа“, „Алиса во земјата на чудата“


Филмот „Планета на мајмуните“ оставил толку силен впечаток врз Тим Бартон, што одлучил да направи сопствена верзија од филмот во 2001 година.



Вес Андерсон, режисер на „Гранд хотел Будимпешта“, „Ројал Тененбаумови“, „Рашмор“


Листата со омилените филмови на Вес Андерсон вклучува прекрасен филм - „Њујоршки приказни“, создаден од три приказни: „Животни лекции“, „Животот без Зои“, „Едипово растројство“.



Стивен Содерберг, режисер на „Зараза“, „Несакани ефекти“, „Дванаесеттемина на Оушн“


Содерберг вели дека бил импресиониран од филмот „Ајкула“. Токму овој филм го променил неговиот однос кон киното и го инспирирал да стане режисер.



Џејмс Камерон, режисер на „Титаник“, „Аватар“, „Терминатор“


Џејмс Камерон признава дека ужива во филмот „Притаено зло“.



Освен него, Камерон ужива и во „Гравитација“, нарекувајќи го најдобриот филм за вселената.



Питер Џексон, режисер на трилогијата „Господарот на прстените“, „Кинг Конг“, „Прекрасни коски“


Режисерот на култните филмови вели дека го обожава филмот „Зора на живите мртовци“, режиран од Џорџ Ромеро.



Стивен Спилберг, режисер на „И-Ти“, „Спасувајќи го војникот Рајан“, „Терминал“


Еден од омилените филмови на Стивен Спилберг е „Руска арка“ од рускиот режисер Александер Сокуров.



Клинт Иствуд, режисер на „Гран Торино“, „Мостовите на округот Медисон“, „Девојка од милион долари“, „Подметнување“


Клинт Иствуд даде одлични рецензии за филмот „Тропска бура“ во режија на Бен Стилер. Тој вели дека станува збор за одлична холивудска комедија и се воодушевува на глумата на Роберт Дауни Џуниор.



Извор: Bright Side
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура